Вселенската Патријаршија ги врати во каноничност украинските неканонски претстојатели, Филарет и Макариј

Извор:
„Киевскиот Патријарх“ Филарет

Досегашните расколнички јерарси „Киевскиот Патријарх“ Филарет и „Киевскиот Архиепископ“ Макариј, веќе се сметаат за канонски епископи.

Двајцата клирици, претстојатели на двете расколнички Цркви на територијата на Украина, прибегнаа кон Вселенската Патријаршија, повикувајќи се на правото на апелација*.

Согласно добро информираните извори на orthodoxia.info, пред малку Синодот на Вселенската Патријаршија ги прифатил нивните барања за враќање во канонскиот ред.

Сеуште се непознати подробностите и условите, како и конечниот број на јерарси кои се нивни последователи.

ОБНОВЕНО: Објавени се одлуките на Вселенската Патријаршија.

 

*Според 9-от и 17-от канон на Четвртиот Вселенски Собор, Константинополскиот Патријарх има право на апелација („еклитон“) и ги прима жалбите на епископите од целата православна вселена.