Најновите 20 објави

Третиот летен детски камп во Битуше

​Со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, во прекрасното мијачко село Битуше се одржа третиот по ред детски летен камп, кој уште еднаш донесе изобилство од насмевки, молитва и љубов. Овој пат кампот собра дваесетина деца од Битола и Кичево, кои со својата детска чистота и искрена вера го исполнија овој простор со…

Покана за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил

Во исчекување на празникот на Божјиот благовесник – Собор на светиот архангел Гавриил, Бигорската свештена обител со особена чест ве поканува заедно да го прославиме носителот на добрите и радосни вести, кој прв го објави доаѓањето на Спасителот во светот. По тој повод, на 26 јули, недела, со почеток во 08:30 ч., во неговиот манастир…

Крв дарувана од љубов – надеж и живот за ближниот

Со благодарност кон човекољубивиот Бог, Кој постојано нè повикува својата вера да ја преточуваме во дела на љубовта, денес во нашата Бигорска свештена обител успешно беше спроведена втората регионалната летна крводарителска акција под мотото: Дарувај крв – спаси живот! Ова благородно и човекољубиво дело се одржа со благослов на нашиаот Старец и игумен, Неговото преосвештенство,…

Посета на директорот на НКЦ и реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница

Денес, 17 јули 2026 година, во посета на Бигорската свештена обител дојде почитуваниот директор на Националниот конзерваторски центар – Скопје, г. м-р Александар Јорданоски, заедно со своите соработници: д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор и м-р Невенка Величковска, сликар – советник конзерватор, коишто воедно работеа на реставрацијата и конзервацијата на четирите…

Промовирана фотомонографијата за манастирот „Пречиста“

Во вечер исполнета со духовна убавина, благодарност и благородна уметничка инспирација, во петокот, на 10 јули 2026 година, во националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево беше промовирана фотомонографијата посветена на свештената Пречистанска обител „Благовештение на Пресвета Богородица“, придружена со отворањето на првата самостојна фотоизложба на авторот Јован Ангелески. На настанот, по претходна…

Споменот на Првоапостолите во Бигорски

Во тајната на Божјата промисла, човечките различности престануваат да бидат бездна на разделувањето, станувајќи простор во кој се прославува неискажливото благодатно заедничарење како дар на Светиот Дух. Неприкосновена вистина, која најсилно одекнува токму денес, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во чиишто ликови Црквата ја согледува и ја празнува големата антиномија на спасението.…

На карпата на апостолското исповедание

Слово на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, изговорено по читањето на светото Евангелие на Божествената Литургија, на споменот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, на 29 јуни / 12 јули 2026 лето Господово По целата земја излезе возгласјето нивно и до краиштата на вселената изреченијата нивни. Во името на Отецот и Синот и…

Соборна радост на Бигорската слава за Иванден

По повеќечасовното бдение, кога ноќта се преточи во утро и сончевите зраци веќе го прегрнуваа врвот на Бистра, со голема чест и почит, пред почетокот на светата Литургија, го пречекавме и нашиот почитуван митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој допатува заедно со игуменот на манастирот „Свети Наум Охридски“ – архимандритот Нектариј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. И…

(Видео) Гласот што ја разбуди радоста: бдение со светогорски благослов во чест на свети Јован Крстител

Постои една ноќ во која пустината проговорува. Постои едно раѓање по коешто старечките усни, занемени со месеци, повторно се отвораат – не за да прозборат, туку за да воспеат. Таква е оваа ноќ: ноќта во којашто нашата света Бигорска обител го празнува своето торжество – раѓањето на чесниот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов…

„Се чувствуваме дека сме на Света Гора“

Возвратно обраќање на Неговото превосходство, цивилниот управник на Света Гора, архонт на Светата Христова Велика Црква и на Александриската патријаршија, г. Алкивијадис Стефанис, пред почетокот на бдението за Раѓањето на Чесниот Претеча, во Бигорски, на 6 јули 2026 Ваше Преосвештенство, епископе Антаниски, свет игумене на Свештената обител на Чесниот Претеча, г. Партениј, благословете! Ви благодарам…

Од Градината на Богородица до Домот на Чесниот Претеча

Обраќање на Неговото преосвештенство, епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Бигорската свештена обител, пред почетокот на сеноќното бдение во спомен на Раѓањето на Чесниот Претеча, на 23 јуни/6 јули 2026 лето Господово Ваше превосходство, почитуван цивилен управител на Света Гора и архонт на Светата Христова Велика Црква и на Александриската Патријаршија, господине Алкивијадис Стефанис, Ваши…

Младоста во прегратките на Христа: Со емотивна уметничка изведба заврши и вториот камп по Вероучение

Со благослов на Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, во прекрасниот и живописен планински амбиент на Бигорскиот скит, посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, вчера заврши и вториот летен камп по вероучение. Во изминатиов период, наши драги гости беа триесетина млади на возраст од 13 до 15 години – генерација која се наоѓа во…

Споменот на преподобниот отец наш Наум Охридски Чудотворец во Бигорски

Свештениот спомен на преподобниот и богоносен отец наш Наум Охридски Чудотворец, една од најсветлите фиданки на светото Кирилометодиевско евангелско семе, во Бигорската свештена обител беше молитвено и достоинствено одбележан. Денеска, со литургиското торжество началствуваше нашиот возљубен старец и смирен поклоник на делото на Преподобниот, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, кој, заедно со браќата свештенослужители…

Монахињата Ефимија од Рајчица учествуваше на Светската конференција за религиски дијалог во Скопје

Во периодот од 22 до 26 јуни, Скопје беше домаќин на Четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка, која оваа година беше посветена на исклучително актуелната и комплексна тема: „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“. Свеченото отворање на конференцијата се одржа на 22 јуни во Музејот на македонската борба во…

„Достојно е“ одекна и од светата Бигорска гора

Празникот на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Достојно ест“ во Бигорската свештена обител Празнуван со голема чест и во сладосни химни од целата Света Гора Атонска, празникот на пресветата и чудотворна икона на Богомајката „Достојно ест“ и оваа година со особена духовна радост се прослави и во нашата света Бигорска обител, која е ќерка и…

„Спаси ги дарум, Слово мое“

Слово на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорската свештена обител, изговорено на празникот на иконата „Достојно ест“, на сеноќното бдение, по читањето на Евангелието на Светата Литургија, на 11/24 јуни 2026 лето Господово Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Мили мои, оваа вечер и ова утро повторно бевме удостоени…

Првиот овогодишен летен камп по вероучение во скитот на светите Кирил и Методиј во с. Битуше

Со благослов на неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, во прекрасниот и живописен планински амбиент на Бигорскиот скит посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, деновиве се одржа првиот летен камп по Вероучение. Во изминатиот период, наши гости беа триесетина дечиња од сите краишта на земјата, кои имаа несекојдневна можност поодблизу да се запознаат со…

Успешна одбрана на втор магистерски труд на монахињата Ефимија од Манастирот во Рајчица

На 9 јуни годинава, со благослов на својот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, монахињата Ефимија од Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица, успешно го одбрани својот втор магистерски труд, овој пат на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Трудот е насловен како: „Религиското образование во јавниот образовен систем - компаративна анализа со посебен…

Одржан Десеттиот меѓународен конгрес на Друштвото за источна литургија во Кипар

На 2 јуни, на Богословскиот факултет во Левкосија, Кипар, свечено беше отворен Десеттиот меѓународен конгрес на Друштвото за источна литургија. На овој престижен настан учествуваа едни од најеминентните литургичари од целиот свет, а преку нивните излагања беше опфатен широк спектар на прашања поврзани со различните литургиски традиции: Кипарската традиција: архимандрит Григориј Јоанидис (избран митрополит на…

Светии се оние кои се вљубени во Христа

Слово на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Божествената Литургија во Неделата на Сите Светии, на 25 мај/7 јуни 2026 лето Господово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Возљубени мои, Изминатата недела, на педесеттиот ден по светлата Пасха, ја прославивме светата Педесетница – оној благословен час кога Светиот Дух слезе…