Црквата во Украина го доби официјалното признавање од ГПЦ

Архиепископот г. Јероним и митрополитот г. Епифаниј во Балаклија, Константинопол

Прес-службата на Православната Црква во Украина објави дека денес и официјално го добила одговорот од архиепископот Атински и на цела Грција г. Јероним, на мирното писмо испратено од митрополитот Киевски г. Епифаниј.

Во соопштението се вели:

„Блаженејшиот митрополит Киевски и на цела Украина Епифаниј ѝ објавува на јерархијата, на благоговејниот клир и на народот Божји дека добил одговор на неговото мирно послание од Блаженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним II.

Светата Црква на Украина го славослови името на Вистинскиот Бог и повторно изразува благодарност до сите што го разбраа праведното барање на нашиот народ за црковно единство.“

Според обичајното право на Православната Црква, секој новоизбран претстојател на некоја автокефална помесна црква испраќа т.н. мирни писма до останатите претстојатели со кои ги известува за својот избор, а нивните одговори се сметаат за официјално негово прифаќање, признавање и примање во литургиско општење од страна на нивната помесна црква.