Топол и срдечен пречек на Патријархот Вартоломеј во храмот Св. Софија во Вашингтон

Извор:


Патријархот Вартоломеј Константинополски пристигна во САД на 12-дневна посета. На самиот пречек и Литургијата во соборниот храм Св. Софија во Вашингтон, Патријархот не можеше да присуствува бидејќи беше хоспитализиран, па Архиепископот Елпидофор му ги упати на митрополит Емануил Халкидонски, кој го придружува Патријархот на ова патување, поздавите и топлиот пречек наменет за Неговата Сесветост:

„Би сакал да ви ги пренесам, во името на сите собраќа сослужители од нашиот свет Синод и на сите верни во нашата епархија, овој најтопол и срдечен пречек. Ви посакуваме добредојде во големата епархија на Вселенскиот трон овде во Америка. Благословен да е Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, нашиот Претстојател и главен чиноначалник, кој доаѓа во името на Господа. Ѕвездата од Истокот што доаѓа уште еднаш да нѐ осветли со светлината на блескавиот маченички Фанар, за да не озари со најубавото завештание што ни се предава од вековната историја и традиција на Константинопол – Првопрестолниот носител на одговорноста и славата на Православната Црква и нашиот верен родоначалник. О колку се убави нозете на Неговата Сесветост, кој ни го проповеда Евангелието на мирот и сите добри нешта од Господа. Смирено приклонувајќи ги пред него нашите глави, со радосно срце го примаме неговиот патријаршиски благослов. По повод овој сеправославен Собор, возглавен од Вас, драг брату и Митрополит Халкидонски, би сакал да ја истакнам цврстината на свештените врски што го поврзуваат целокупното православно присуство овде, во САД, обединето во љубовта Христова.“ 

Во текот на оваа двонеделна посета предвидени се  цела низа средби со релевантни фактори, свечени богослужби и формални обраќања до православната јавност.