Се упокои игуменот на манастирот „Свети Герасим Јордански“, Старецот Хризостом

Извор:

Ерусалимската Патријаршија со длабока тага го објави преставувањето во Господа на Старецот архимандрит Хризостом, долгогодишен игумен на Свештениот манастир „Свети Герасим Јордански“, кој вчера се упокои во Атина, по извесен период на нарушено здравје.

Блаженоупокоениот Старец Хризостом, родум од Мани, во текот на повеќе децении беше предан член на братството на Светиот Гроб и верно ѝ служеше на Сионската Црква и на нејзините Пресвети Поклонички места.

Неговото долгогодишно служење беше особено неразделно поврзано со Свештениот манастир на Свети Герасим Јордански, кој го прими во мошне тешка состојба и кој, со многубројни трудови, лична грижа и пожртвуваност, го обнови и го воздигна до неговиот денешен благообразен изглед.

Неговото Блаженство, Патријархот Ерусалимски г. г. Теофил III, заедно со братството на Светиот Гроб, со длабока трогнатост се простуваат од блаженоупокоениот Старец, во надежта на Воскресението и според апостолските зборови:

„Ако живееме – за Господа живееме; ако умираме – за Господа умираме; и така, живееме ли, умираме ли – Господови сме“ (Рим. 14,8),

молејќи се Господ Бог да ја упокои неговата душа во земјата на живите и во населбите на праведните.

За преносот на неговите чесни останки, за опелото и погребението, Ерусалимската Патријаршија дополнително ќе извести со ново соопштение.

Вечен му спомен!