Света Гора во изолација со сеноќни бденија и литии против коронавирусот

Извор:

Иако Светата Гора Атонска ги затвори пристаништата за посетители и поклоници до крајот на месецов, монасите продолжуваат да ја изразуваат својата поддршка на верните преку своите молитви.

Во оваа насока, Свештената Киновија на Света Гора, – управувачкото тело на 20-те најголеми манастири заедно со нивните скитови и келии – ги повикуваат сите манастири да служат сеноќни бденија во чест на Мајката Божја и да прават литии со светите крстови, молејќи се за благодат и милост Божја додека светот страда од епидемијата на коронавирусот.

На состанокот во четвртокот, Свештената Киновија, која се состои од по еден претставник од секој од 20-те поголеми манастири, одлучи да се известат сите манастири, во периодот сè додека трае борбата со вирусот, да се служат сеноќни бденија, литии и да се прават многу молитви.

Сите претставници и игумени од манастирите на Света Гора со овој гест ја изразуваат својата љубов кон страданијата на целото човештво, за кое тие со голема болка и сострадалност се молат кон Пресветата Богородица, просејќи ја нејзината заштита во вакво тешко време.

Особено, одлуката на Свештената Киновија ги повикува сите манастири и нивните метоси да служат целовечерно бдение во чест на Пресветата Богородица – Заштитничката на Света Гора и на Св. Харалампиј, познат како исцелител од заразни болести, во петокот од четвртата недела од Големиот Пост.

Свештената Киновија исто така ги повикува манастирите да прават литии со свети крстови, свети мошти и чудотворни икони, според одредените правила и обичаи на светите манастири.

И на крај, како заклучок, Свештената Киновија нагласи од потребата да се засилат молитвите и Свештените Богослуженија во текот на Светиот Пост и повикувааат на сеопшто покајание со моќта на Духот Божји, животодавниот Извор Кој ја победи смртта.