Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Воскресението Христово – Света Пасха

5 април – НЕДЕЛА ВЕЧЕР
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

6 април – ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
19:00 ч. – Бдение за празникот на светото Благовештение (Велико повечерие со литијни, стиховни и петтолебие; празнична Утрена, Прв час)

7 април – ВЕЛИК ВТОРНИК и БЛАГОВЕШТЕНИЕ 
07:30 ч. – Часови, Изобразителна, празнична Вечерна со архиерејска Златоустова Литургија
16:00 ч. – Мало повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

8 април – ВЕЛИКА СРЕДА
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Мало повечерие
21:00 ч. – Утрена, Прв час

9 април – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК
08:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со архиерејска Василиева Литургија
11:15 ч. – Општ Маслосвет
16:00 ч. – Мало повечерие
19:30 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија (по 5-то Евангелие: Распетие Христово)

10 април – ВЕЛИК ПЕТОК
08:00 ч. – Царски Часови, Изобразителна
10:00 ч. – Вечерна со Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата. Мало Повечерие
18:30 ч. – Утрена, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

11 април – ВЕЛИКА САБОТА
09:00 ч. – Часови, Вечерна со Василиева Архиерејска Литургија
23:30 ч. – Полуноќница со канонот од Велика Сабота: Волною морскою
23:45 ч. – Пречек на Благодатниот Оган


Распоред на богослужбите за Воскресението Христово и

Светлата седмица

12 април – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН (СВЕТА ПАСХА)
00:00 ч. – ДОЈДЕТЕ ПРИМЕТЕ СВЕТЛИНА
00:15 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
00:30 ч. – Утрена, архиерејска Златоустова Литургија
17:00 ч. – Вечерна на Љубовта со читање на повеќе јазици на Евангелието

13 април – СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија; Пасхална литија – Покрсти, во Бигорски Манастир

14 април – СВЕТОЛ ВТОРНИК – ВО РАЈЧИЦА
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија; Пасхална литија – во манастирот Свети Георгиј Победоносец – РАЈЧИЦА

17 април – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА ВО ПРЕЧИСТА КИЧЕВСКА 
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Архиерејска Златоустова Литургија – веднаш по Литургијата: Пасхална литија – Покрсти во Манастирот Пречиста на местото Господинец

Ви посакуваме благодатни денови и добро Воскресение!

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Бигорската свештена обител